И Наполи со судбината на Јуве!? Под истрага трансферот на Осимхен!

Може ли и Наполи да се соочи со судбината на Јувентус, на кого му е изречена казна од минус 15 бода и суспензија за многу поранешни директор на клубот од Торино!?

Спортскиот обвинител Џузепе Чине сега ја продолжува „војната“ со финансиските малверзации во клубовите, па од страна на Федералниот апелационен суд под истрага е и Наполи за контроверзниот трансфер на Виктор Осимхен.

Како што информира „Ла Република“, Чине бара докази за вистинските документи за напаѓачот, кој во 202о година реализираше трансфер во Неапол за пријавена сума од 72 милиони евра, а вклучени беа и дополнителни бонуси. Според информациите, ангажманот на Осимхен не е комплетно чист и постојат големи сомнежи дека Де Лаурентис прикрил одредена сума од целиот трансфер, што ако се докаже, може да резултира со нов фудбалски потрес во Италија.

Наполи во моментов е на првото место на табелата во Серија А со убава предност пред конкурентите. Доколку се докажат обвиненијата за финансиски малверзации и за Наполи, сето тоа може сериозно да ги загрозе шансите да стигне до толку посакуваната титула оваа сезона.

Се вчитува...