Бројни спортски работници, но и поранешни кошаркари кои работеле под неговата палка, се збогуваат со легендарниот Душко Вујошевиќ кој почина денеска на 67 години во Белград.
Меѓу бројните кошаркари и македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој беше дел од златната наша генерацијата која дојде до 4. место на Европското првенство 2011 во Литванија.
А, легендарниот Бо токму во тој период беше член на белградски Партизан воден од Душко Вујошевиќ. Мекејлеб, навистина болно ја дочека веста за смртта на Дуле, збогувајќи се од него преку социјалните мрежи.
„Почивај во мир легендо. Засекогаш ќе ми недостасуваш. Ова е навистина болно“ – напиша Лестер Бо Мекејлеб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

