Навивачката група Комити денеска го прослави својот јубилеј – 30 години од постоењето, а специјални гости на полувремето од дербито меѓу Вардар и Пелистер беа „Некст Тајм“. Патриотските песни што тие ги препеаја се составен дел од комитскиот репертоар на секој натпревар, а ’заедничкиот настап’ делуваше фантастично.
Тие се заблагодарија на својот профил и ги честитаа јубилеите – 30 години Комити и 70 години Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА