И Никола Миротиќ се сели во Панатинаикос

Барселона и Никола Миротиќ се уште немаат договор за раскин на договорот. Барса на Миротиќ му должи повеќе од 20 милиони евра, а во тек се преговорите за раскин на договорот, во кој важна улога би можел да има следниот ангажман на Миротиќ.

Никола Миротиќ официјално се откажа од Олимпијакос, со кој овој кошаркар преговараше минатата недела. Се споменуваат Монако, Армани, но и Црвена звезда и Партизан, додека од друга страна во приказната влезе и Панатинаикос. По потпишувањето на Слукас, зелените од Атина станаа многу важен фактор за важни играчи.

На Никола Миротиќ му нудат четири милиони евра по сезона, а во таа бројка не се вклучени даноците. Затоа Барселона верува дека Миротиќ ќе ја прифати понудата од Атина и дека ќе ги намали апетитите кога се во прашање преговорите со Каталонците.

Се вчитува...