Деветтиот тенисер на светската ранг листа, Кеи Нишикори поради повреда се повлекува од терените до крајот на оваа година. Нишикори се повлече од АТП турнирот во Синсинати поради проблеми со зглобот на десната рака, а дополнителните медицински прегледи покажаа дека една од тетивите е оштетена.
Медицинскиот тим на јапонскиот тенисер истакна дека Нишикори засега нема да оди на операција, но ќе го следат опоравувањето во следните неколку недели и врз таа основа ќе одлучат како ќе се справуваат со повредата.
„Кеи ќе се повлече од сите турнири до крајот на 2017 година. Неков приоритет е што побрзо да се опорави, и напорно ќе работи за да биде подготвен за следната сезона“, пишува во соопштението објавен од тимот на Нишикори.
Јапонецот е третиот тенисер кој нема да се појави на терените до крајот на оваа година, по Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка. Покрај овие тројца, настапот на Синсинати го откажаа и Енди Мареј, Роџер Федерер, Марин Цилиќ, и Милош Раониќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА