И Ница влезе во „мелницата“ на Лион (ВИДЕО)

Лион оствари уште една победа во француската Лига 1, откако вечерва ја совлада Ница со 2-0. Со тоа тимот на Лион се зацврсти на третата позиција на  табелата во Франција, која носи пласман во Лигата на шампионите.

Корентин Толисо во првата минута од судиското надополнување од првиот дел донесе предност за домашните. Ница имаше топка, Лион ја одзеде и одлично реализираше противнапад после кој Толисо со волеј успеа да ја спроведе топката во голот на гостите.

На 2-0 зголеми Нарти во 64. минута. Тоа беше одлична акција на домаќините, топката имаше одличен проток, на крајот од десната страна проигран Нарти кој успеа да се ослободи од својот чувар, и да стрела во мрежата.

Се вчитува...