Германскиот ракометар Руне Дамке го изведе потегот за кој се зборува на Европското првенство во ракомет. Тој со неверојатна одбрана, во стилот на фудбалскиот голман Мануел Нојер, го спаси голот на Германија на натпреварот против Данска.
Германците имаа човек помалку и тргнаа во напад без голман, но ја загубија топката, а Данците сакаа на брз начин да казнат. Сепак, Дамке „летна“ како феноменален голман и спречи погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА