И Новак Ѓоковиќ имаше што да каже за мечот Албанија – Србија

Светската спортска јавност беше во исчекување на сериозни инциденти на мечот Албанија – Србија, но на теренот можеше да се забележи сосема спротивна слика.

На таа тема денеска се јави и најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го поздрави односот на фудбалерите на двете репрезентации на дуелот во Тирана.

„Почитта и ферплејот секогаш се опција. Големо браво за двата тима за однесувањето“, напиша Ѓоковиќ крај неколкуте фотографии на кои е забележлив спортскиот однос на двете страни.

Се вчитува...