Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се прости од починатиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ.
Ѓоковиќ, кој моментално е во Австралија, на својот Инстаграм напиша „Почивај во мир“. Помошниот тренер во Голден Стејт вориорс, почина во средата на 47-годишна возраст како последица на срцев удар.
Инаку, Ѓоковиќ гостуваше на прошталниот меч на Милојевиќ од Мега во јуни 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

