И Њујорк никс се „залетува“ по Леброн Џејмс

Њујорк никс ќе се обидат да создадат простор за Леброн Џејмс, пренесува „Њујорк пост“. Доколку Леброн се согласи на еден таков трансфер, Никси ќе направат се да го убедат „Кралот“ да дојде во „Големото јаболко“.

Џејмс и новиот тренер на Њујорк никс, Дејвид Физдејл заедно соработуваа во Мајами кога новиот тренер на Никси беше помошник на Ерик Сполстри.

Познато е дека Џејмс многу го почитува Физдејл, па токму тоа е и мамката на Никси во обидот да го доведат еден од најдобрите кошаркари на НБА лигата.

Леброн на лето ќе биде слободен кошаркар, но малку е веројатно дека ќе се одлучи за Њујорк бидејќи се уште се далеку од екипа која би конкурирала за титула. Се очекува Леброн Џејмс да остане во Кливленд, или можеби да ги засили Хјустон или Филаделфија.

Се вчитува...