И од ГФК Охрид со реакција на судењето: Квалитетно судење во Македонија нема, нападнат и нашиот голман од директорот на Воска спорт (ВИДЕО)

И од редовите на ГФК Охрид со реакција на судењето по денешното локално дерби во кое Охрид загуби од Воска спорт со 0-1, по сомнително досуден пенал за противникот.

Од Охрид се разочарани и од денешниот начин на делења на правда, притоа потенцирајќи и за нападот кон нивниот голман Дамјан Серафимов во подтрибинскиот простор од страна на директорот, претседателот и голман на Воска Спорт.

„Секогаш кога сум играл фудбал сум сакал да се натпреварувам, сум примал голови, победувал , губел. Секоја победа или пораз е неважен во конечниот збир, меѓутоа многу боли кога ќе изгубите на криминален начин, како во последните два натпревари со Воска спорт“ – вели и поранешниот македонски репрезентативен голман и актуелен предтседател на ГФК Охрид Лихнидос, Данчо Целески.

СООПШТЕНИЕТО ОД ГФК ОХРИД ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

До сите спортски љубители на фудбалот и на ГФК Охрид Лихнидос, посебно до ФФМ.
Со големо разочарување може да констатираме дека квалитетно судење во Македонија не постои. Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме десет натпревари со вакво судење нема да победиме на ниту еден натпревар.
Последните два натпревари во кои судеа прволигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влиаеја на конечниот резултат, ни е одземена можноста за играње на фудбал и спортско радување. Имено, со нашата работа успеавме да создадеме фудбалска величенствена атмосфера!
На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика од 2000 до 5000 гледачи. Поради неспортски однос од тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот.
Денеска многу беа значајни коментарите во публиката: „Да си одиме дома бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута”. Исто така во првото полувреме не ни беше досуден пенал каде што имаше играње со рака. Се беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска.
По завршувањето на натпреварот во подтрибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој случај е доставен дополнителен записник до ФФМ.
Доколку ГФК Охрид Лихнидос е приморан да настапува во криминалната лига, луѓето кој што го водат клубот поранешни репрезентативци докажани спортисти, нема да го дозволат тоа. Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци.
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС

Се вчитува...