И македонската женска одбојкарска репрезентација со неуспешен старт на настапите во Европската сребрена лига сезонава.
Во првиот натпревар од лигата, македонските девојки загубија во Скопје со 0-3 од Австрија. Противничките беа подобри во текот на целиот меч добивајќи го со 15-25, 20-25 и 15-25.
На дуелот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ македонските одбојкарки дадоа максимум со силна желба за успешно парирање на Австријките, но беа немоќни против подобрите противнички.
Во следниот коло Македонија, повторно на домашен терен во Скопје, на 31. мај ја пречекува Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА