И официјална потврда од Јувентус за Кристијано Роналдо

Изминативе месеци една од најактивните теми во светот на фудбалот беше иднината на Кристијано Роналдо. И покрај најавите дека го напушта Јувентус, веќе и дефинитивно е јасно дека и следната сезона повторно ќе ја предводи „Старата дама“.

Директорот на Јувентус, Павел Недвев синоќа и официјално потврди дека Роналдо од утре ќе се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона.

„Нема никаква дилема дека Роналдо ќе биде со нас и во новата сезона“ – истакна Недвед.

Португалецот има договор со Јувентус до јуни 2022 година, но наскоро се очекува продолжување на истиот. Интерес за неговите услуги имаше од ПСЖ кој едвај чека да доведе уште една ѕвезда во своите редови.

Се вчитува...