Требаше да се случи чудо за Хрватска со два бода продолжи во 1/8 финалето на ЕВРО 2024. Мораше да се поклопат дури пет резултати, но веќе од синоќа стана јасно дека Хрватите немаат никакви шанси да дојдат до најдобрите 16, па така утрово хрватската експедиција се упати кон дома.
Ова дефинитивно е неуспех за „коцкастите“ кои на минатото Светско првенство стигнаа до полуфиналето, и потоа го освоија третото место. Но, во тешката група со Италија и Шпанија, за очекување беше да освојат барем три бода (да ја победат Албанија). Но, откако тоа не го сторија, и одиграа само 2-2, јасно беше дека им требаше победа над Италија во последното коло.
И, ја имаа се до 97. минута кога Италија преку Закањи ги шокираа избраниците на Златко Далиќ. Имаше надеж, тие го чекаа исходот од другите групи, но дефитивно вчера стана јасно дека Хрватска нема да оди во 1/8 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА