И Охрид беше лесен плен за Вардар

Вардар продожи со серијата доминантни претстави во македонскиот плејоф, бележејќи убедлива победа на домашен терен против Охрид (34-18).

Надмоќта на „црвено-црните“ во однос на остатокот од лигата е и повеќе од очигледна, па Раул Гонзалес и неговите избраници овие натпревари ги користат за загревање за лавниот предизвик, одбраната на европската круна на Ф4 турнирот во Келн на 26 и 27 мај.

Се што успеаја гостите да сторат денеска е да израмнат на 2-2 по почетните 2-0 за Вардар, потоа „црвено-црните“ влегоа во нова серија, поведоа со 5-2, потоа и со 10-5, а на полувреме се замина со резултат 15-7. Првата двоцифрена предност на шампионот во второто полувреме изнесуваше 19-9, за позитивата да се зголемува до самиот крај и конечните „плус шеснаесет“.

Кристопанс беше прв стрелец на Вардар со пет гола, пред Недановски и Дибиров со по четири, додека кај Охрид најдобар поединец против шампионот беше Бојан Спасовски со четири погодоци.

Се вчитува...