И Охрид дочека да победи, го доби дуелот на дното против Шкупи

Кошаркарите на Охрид стигнаа до првата победа во домашниот кошаркарски шампионат, совладувајќи го составот на Шкупи со 90-101, во дуелот на екипите од дното кој го отвори осмото коло. Досега и двете екипи имаа по шест порази од исто толку натпревари, а охриѓани покажаа дека се сепак поквалитетни од домаќинот од Чаир. Решавачка за триумфот беше третата четвртина која АВ Охрид ја доби со 36-15. Тогаш обезбеди недостижна предност која ја одржа до самиот крај.

Шкупи успеа да биде подобар во првиот период со 23-19, а и на одмор замина со четири поени предност (45-41). Но, потоа следеше неверојатен пад во нивната игра, тоа Охрид знаеше добро да го искористи и на крајот да слави.

Лука Милојевиќ постигна 17 поени во победничкиот тим, а најефикасен на мечот беше Ервин Цого од Шкупи со 23 поени.

 

Се вчитува...