И ова го има: Прекинато дерби поради невреме, па победникот одлучен со паричка (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случила ноќеска во дуелот меѓу големите ривали во Уругвај, Национал н Пењарол.

Овие тимови играа во полуфиналето на „Турнирот на пријателство“, но мечот мораше да биде прекинат пред истекот на 90. минута. Силна бура и дожд го прекинаа мечот во 80. минута. Судиите не сакаа да го ризикуваат здравјето на играчите, па така одлучија натпреварот да биде одлучен со фрлање на паричка.

Победник од овој дуел на крајот излезе Пењарол, кој имаше повеќе среќа. Паричка го одлучи и другиот дуел кој не можеше да се одигра. Сантијаго Вандерерс од Чиле е победник, па ќе игра против Пењарол, додека Национал ќе игра со Армиенто за третото место на трунирот.

Се вчитува...