Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и еден од најдобрите во историјата на мак-фудбалот, Горан Пандев бара натпреварот во баражот за пласманот на Европското првенство 2020 да биде одложен поради епидемијата од коронавирусот.
„Пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме со слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено-жолта боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбаски го пропуштивем во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор до Европско првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но, дајте ни можност да го оствариме тоа што сме го сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И поради здравјето и затоа што е фер и спортски“, напиша Пандев.
Натпреварот треба да се игра на 26. март на арената „Тодор Проески“ и доколку остане тој датум ќе мора да биде без публика поради епидемијата од коронавирус која ја зафати цела Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА