И Парма сега по Елиф Елмас: Македонецот како спас во битката за опстанок

Парма го посакува во своите редови македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пренесуваат дел од италијанските медиуми.

Поранешниот освојувач на Купот на УЕФА, кого сезонава го очекува грчевите битка за опстанок во Серија А, посакува тројца фудбалери од Наполи, меѓу кои и Елиф Елмас на позајмица до крајот на сезоната.

Елмас изминатиов период добива мала минутажа од Џенаро Гатузо, поради што постојано се поврзува со трансфери. Бенфика, Лидс и Борусија Дортмунд се клубовите со понуди за откупување на Елмас, но беа одбиени од Наполи. А, сега и Парма.

Сепак, мали се шансите дека Наполи ќе дозволи заминување на македонскиот репрезентативец, па макар и на позајмица само шест месеци.

Се вчитува...