И Пејн ја официјализираше соработката со Партизан

Откако тренерот Џоан Пењароја беше официјализиран, Партизан го објави и засилувањето во играчкиот кадар.

Долгогодишниот НБА играч, Камерон Пејн кој пристигна во Белград во понеделник вечерта, ќе игра за „црно-белите“ до крајот на сезоната.

Изборот број 14 од НБА драфтот во 2015 година играше во Њујорк Никс минатата сезона. Пред тоа, Пејн играше во најсилната лига за Феникс, Филаделфија, Милвоки, Чикаго, Кливленд и Оклахома.

Американскиот бек се подготвуваше со Индијана Пејсерс, но вицешампионите на НБА го отпуштија пред почетокот на сезоната. Ова е негов прв ангажман во Европа.

 

Се вчитува...