И втора победа денеска за македонските кикбокс репрезентативци на Светското првенство во Абу Даби, ОАЕ.
Триумф во стартната рунда натпревари забележа и Пепи Велков во дисциплината Лоу Кик во категоријата до 67 килограми, против домашниот репрезентативец Лакрами Берноуси Ајуб од ОАЕ со 3-0.
Со тоа завршија денешните настапи на македонските кикбоксери, а останатите утре ќе се појават во борбите н светскиот шампионат.

Претходно, прв од македонските натпреварувачи настапи Силвио Мировски во Лоу Кик во категоријата до 71 килограм, притоа убедливо со 3-0 победувајќи го домашниот кикбоксер Карим Мохамед од ОАЕ.
На тој начин, Мировски се избори за осминафинале на шампионатот каде сега ќе се соочи со српскиот репрезентативец Лазар Ступар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

