Петти триумф на контролните дуели за РК Алкалоид за време на подготовките во Словенија.
Алкалоид успешно ги продолжува подготовките во Словенија триумфирајќи со 31-30 (14-18) на натпреварот со РК Слован Љубљана!
За екипата ова беше петта победа во петтиот меч во контролните дуели, по оние со РК Прилеп, РК Дубочица, РК Сесвете и РК Целје.
За Алкалоид сега следи меч со РК Шкофја Лока, исто така во Словенија, во рамки на Меморијалот „Јоже Шилец“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

