Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години го доживеа и петтиот пораз на Европското првенство во Полска.
Во мечот за пласман од 9. до 16. место, избраниците на селекторот Смилковски загубија убедливо од селекцијата на Италија со 92-70.
Теодор Симиќ со 18 поени беше најефикасен во македонската селекција, додека Јовановиќ и Бошалевски постигнаа по 13 поени. Кај Италијанците најдобар беше Поцато со 33 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА