После 10 одиграни кола во Премиерлигата, Вулверхемптон е закован на дното на табелата. Сметката ја плати досегашниот тренер Витор Переира, но тимот нема уште долго да биде без тренер.
Португалецот ќе биде заменет со Португалец. И тоа во името на Руи Виторија. Доскорашниот тренер на Панатинаикос, сега е пред поголем предизивик – да води клуб во Премиерлигата. Ќе има тешка задача, да ги остави „волците“ во самата елита.
Во случај Виторија да пристигне на стадионот „Милино“, Вулверхептон ќе го продолжи континуитетот со португалски тренери на клупата.
После 10 кола, екипата е единствена без ниту една победа во Премиерлигата, и голема е веројатноста дека така ќе остане кога ќе се соочат со Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

