Актуелниот европски шампион Италија доживеа вистинско фиаско на шампионатот во Германија, откако својот настап го заврши во осминафиналето против Швајцарија. Играта во групната фаза наговестуваше вакво нешто, но печат на слабиот настап на шампионатот ставија Швајцарците кои славеа со 2-0.
И покрај катастрофалниот турнир Лучијано Спалети ќе остане на кормилото на „аѕурите“ до Светското првенство 2026 година.
„Мојата мисија ќе биде уште повеќе да го подмладам националниот тим и да го подготвам да биде конкурентен за следните предизвици“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА