И покрај доаѓањето на Нико Вилијамс, Родриго нема намера да замине од „Сантијаго Бернабеу“

Трансферот на Нико Вилијамс во Реал Мадрид е само прашање на време. „Кралевите“ се согласиле да ја платат откупната клаузула од 58 милиони евра, а тоа ќе значи дека еден од крилните играчи ќе мора да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Се шпекулираше дека тоа ќе биде Родриго, со оглед дека Винициус е пред потпишување на нов договор, но сега и деснокрилниот Бразилец изјавува дека нема немаре да го напушти клубот.

За Родриго има интерес од неколку премиерлигашки екипи, меѓу кои Челси и Манчестер Сити, но и од екипи од Саудиска Арабија. Но, како стојат работите Нико Вилијамс само ќе ја зголеми конкуренцијата, па „кралевите“ ќе имаат тројца врни играчи на крилните позиции.

Се вчитува...