Иако Итлаија доживеа вистински дебакл во Палермо од Македонија, сепак постои голем интерес за тренерските услуги на Роберто Манчини.
Искусниот стратег тактички беше уништен од нашиот селектор Благоја Милевски, но и покрај ваквата поставенот и елиминацијата на неговиот тим, веќе два големи клуба се заинтересирани да го имаат на клупа се уште актуелниот селектор на Италија кој е пред отказ.
Станува збор за ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Последните информации говорат дека раководствата на двата клуба веќе го контактирале екс-стратегот на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА