Капитенот на германската репрезентација Мануел Нојер стана рекордер меѓу голманите на Светските првенства. Натпреварот од третото коло меѓу Германија и Костарика за Мануел Нојер беше 19. на Светските првенства.
Со овој меч тој ги помина сонародникот Сеп Мајер и Бразилецот Клаудио Тафарел, кои запишаа по 18 меча на Мундијалите.
За Нојер ова е четврто Светско првенство во кариерата. На СП 2010 во Јужна Африка бранеше на шест натпревари (прескокнувајќи го само дуелот со Уругвај за 3. место), на СП 2014 во Бразил на сите седум натпревари, како и на СП 2018 во Русија на сите три натпревари. Ова беше негов трет натпревар во Катар.
Ова е 117. меч на Нојер на гол за германската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА