И покрај „киксот“ во Скопје, Англија најголем фаворит за освојување на ЕВРО 2024

Веднаш по завршувањето на централниот дел на квалификациите за ЕВРО 2024 година, најголемите светски обложувалници ги освежија коефициентите за освојување на завршниот турнир кој ќе се игра идната година во Германија.

Први фаворити за освојување на титулата се Англија и Франција, додека Германија е трет фаворит, и тоа пред се поради домашниот терен, иако формата на „панцирите“ е очајна.

За освојување на Франција или Англија на ЕВРО 2024 година им се дава коефициент 4,5, додека за Германија 7. Следни се Шпанија со 8, Португалија со 9. Италија за одбрана на титулата има коефициент 15.

Меѓу топ 10 фаворити се најдоа и селекциите на Белгија, Холандија, Данска и Хрватска.

НАЈГОЛЕМИТЕ 10 ФАВОРИТИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРО 2024

  1. Франција 4,5
  2. Англија 4,5
  3. Германија 7
  4. Шпанија 8
  5. Португалија 9
  6. Италија 15
  7. Белгија 15
  8. Холандија 17
  9. Данска 26
  10. Хрватска 34

Се вчитува...