И покрај рестрикциите – Рајковиќ во ЦСКА ќе има најмалку еден Американец (ФОТО)

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ од следната сезона ќе биде предводник на ЦСКА Москва, а за „апетитие“ на московскиот гигант ќе може да смета на услугите на Каспер Вер. Американецот кој го засили тимот по серијата на заминувања по започнување на конфликтот помеѓу Русија и Украина денеска го продолжи договорот на уште две сезони.

Искусниот 32-годишен кошаркар кој во својата кариера има настапи за десет различни клубови со освоени признанија и титули во Германија, Италија и Франција, во дресот на ЦСКА во ВТБ лигата постигна просек од 12.2 поени, 3.8 асистенции и 1.7 скока по натпревар за 16 одиграни средби.

Претходно ЦСКА Москва во својот состав го донесе и талентираниот Самсон Руженцев кој во сезоната 2021/22 настапуваше во АБА лигата во дресот на Мега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CSKA Moscow (@cskabasket)

Се вчитува...