Иако се очекуваше денеска да поднесе оставка од функцијата, првиот човек на шпанскиот фудбал Луис Рубиалес не се реши на таков чекор. Рубиалес влезе во центарот на вниманието откако за време на прославата на освоениот Мундијал за жени, бакна фудбалерка во уста.
Тој имаше жесток притисок од јавноста, но денеска од генералното собрание на шпанската фудбалска федерација истакна дека нема намера да си замине од функцијата.
„Добив пораки од членовите на ова Собрание кои бараа да не поднесам оставка, а потоа излегоа со став дека тоа што го направив не е правилно. Нема да поднесам оставка“, рече Рубиалес кој изрази надеж дека законите ќе се почитуваат.
Тој вчера е под истрага и од страна на ФИФА за неговото однесување по финалниот меч во женска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

