И покрај „утките“, Тотенхем стигна до бод со Ливерпул (ВИДЕО)

Тотенхем и Ливерпул одиграа интересен натпревар во Лондон, кој заврши без победник 2-2. Меч во кој и двата тима се најдоа во водство, за на крај да освојат по еден бод. Мечот го одбележаа и утките на Хари Кејн, како и црвениот картон на Робертсон кој го доби поради остар старт, а судијата не виде црвен за Кејн во првиот дел.

Кејн го донесе во водство Тотенхем во 13. минута, а израмни Жота во 35. минута од мечот. Поинтересно беше во вториот дел, каде што при 1-1, четата на Конте промаши две чисти шанси преку Кејн, а потоа стигн а казната. Робертсон во 70. минута израмни на 2-2. Во 74. минута Сон по грешката на Алисон успеа да донесе ново израмнување. Во 77. минута Робертсон доби исклучување поради остар старт. Интересен е фактот што и Кејн заслужи да добие исклучување во првиот дел, но тогаш судијата Тирни се реши да не гледа ВАР.

До крајот на мечот Тотенхем беше поблиску до победата, но не постигна втор гол со што двете екипи освоија по бод.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...