Кристијано Роналдо, Отавио, Данило Переира и Нуно Мендеш го пропуштија синоќешниот тренинг на Португалија поради разни видови повреди и веројатно никој од нив нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар на нивната репрезентација против Јужна Кореја.
Сепак, ова не се посебни проблеми за Фернандо Сантош, бидејќи неговиот тим веќе обезбеди учество во осминафиналето, веројатно како првопласиран. На Португалците им треба бод за да го обезбедат првото место, а може и да загубат од Кореја и да останат на првата позиција.
Се претпоставува дека Сантош ќе ги одмори своите стартери и дека ќе им даде шанса на играчите кои имаа помала минутажа на првите два меча. На место во составот се надеваат Рафаел Леао, Гонзало Рамос и Метеус Њуњеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА