И после две победи клупата на Чаби Алонсо и натаму е сериозно разнишана

Реал Мадрид вчера избегна бламажа во Купот на Шпанија, со триумфот над Талавера де ла Реина „тесно“ со 3-2. Претходно клубот го совлада Алавес исто така минмално со 2-1. И покрај двете победи, тренерот Чаби Алонсо и натаму има разнишана клупа, со оглед дека играта не им се допаѓа на раководствот и на навивачите.

Со оглед дека вчера „кралевите“ триумфираа тесно против тим кој се бори за опстанок во третата лига на Шпанија, фановите се сериозно загрижени за иднината на својот омилен клуб. Алонсо засега не ги оправдува очекувањата, откако го замени Карло Анчелоти на клупата изминатото лето.

Тренерот после натпреварот изјави дека очекувал ваков натпревар.

„Очекував да играат вака. Тоа е посебен натпревар за нив и за нивните навивачи. Се бореа напорно и играа со гордост. Им честитам затоа што се покажаа како тежок противник“, рече Алонсо.

Сепак, ниту овие две победи не се гаранција дека Алонсо ќе остане уште долго на клупата. Навивачите бараат подобра игра, а тоа во последно време го нема од страна на играчите. Мечот против Севиља во сабота ќе биде вистинскиот тест за кралскиот клуб. Евентуален кикс и Реал може да ја почне идната година со нов тренер.

Се вчитува...