Премиерлигашките клубови ќе имаат зимска пауза почувајки од сезоната 2019-20. Краткиот, двонеделен распуст ќе биде во февруари. Според новиот систем, двете седмици нема да бидат комплетно без фудбал бидејки од колот кое што ќе биде распоред ќе има пет натпревари во првиот и уште пет средби во вториот викенд.
Петтото коло од ФА Купот ќе биде преместено за средина од неделата за да се почитува паузата.
Фудбалската федерација на Англија ја квалификуваше одлуката како „значаен момент за англискиот фудбал“ од кој ќе „профитираат и клубовите и земјата“.
„Не е тајна дека во последниот период работевме на промена на календарот со сите инволвирани страни за да најдеме решение“ – изјави извршниот директор на ФА, Мартин Глен.
Останатите лиги од англискиот фудбал остануваат непроменети.
Во анкета направена со премиерлигашките фудбалери, 90% се изјасниле дека сметаат оти треба да има пауза во сезоната и според нив, најдобро би било таа да трае две недели.
Англиската Премиер-лига досега беше едниствената која од големата европска петорка во која немаше воопшто пауза во текот на фудбалската сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА