Саутемптон вчера обезбеди пласман во полуфиналето на ФА купот, совладувајќи го Виган со сигурни 2-0, а една од главните улоги да победата ја имаше играчот за врска, Пјер Емил Хојбјерг. Данецот погоди за водство на „светците“ во 62. минута, но, „главниот“ момент од средбата се случи само неколку секунди подоцна.
Хојбјерг во обид да го прослави драгоцениот погодок на гостувањето на „ДВ“ стадионот, несакајќи го удри својот соиграч, Џек Стивенс во меѓуножјето. Според реакцијата се чини дека Стивенс навистина настрада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА