По ракометарите на Прилеп и Радовиш стигна до првиот триумф во плеј-аутот откако вечерва славеше на домашен терен над Скопје 2020 со 24-21.
Натпреварот почна во егал, се некаде до втората половина на првото полувреме кога домаќините првпат почнаа резултатски да се одлепат и на пауза да заминат со предност од 13-10. Во второто полувреме успеаја да го исконтролираат натпреварот за конечни 24-21.
Кристијан Ристовс со седум гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Александар Василевски заврши со пет гола.
Претходно денеска Прилеп славеше на гостувањето кај Струга со 26-28. Металург веќе е во втората лига, а за местото кое води во баражот за опстанок до крајот ќе гледаме голема борба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА