И Рафа Надал се пријави за Токио, ќе оди по одбрана на олимпиското злато

Рафаел Надал сака да игра на Летните олимписки игри во Токио следното лето. Шпанецот најави дека би учествувал на најголемиот спортски собир, ако телото му го дозволи тоа. Надал, во Токио би го бранел златото освоено во Рио во 2016 година, тој има златен олимписки медал и од игрите во Пекинг во 2008 година.

„Сакам да бидам во Токио. Се надевам дека телото ќе ми го дзволи тоа. Секогаш сум сакал да бидам на Олимписки Игри. Тоа натпреварување го доживувам на посебен начин, со особена возбуда. Тешко ми е да објаснам“ – изјави Надал.

Надал во моментов е на втората позиција на АТП листата, но извесно е дека ќе го преземе врвот од Новак Ѓоковиќ. Тој во моментов се опоравува од повреда на дланката.

 

 

 

Се вчитува...