Машката и женската ракометна репрезнетација на Македонија денеска отпатуваа за Тарагона, Шпанија, за настапот на Медитеранските игри.
Машката репрезентација која ќе ја предводат Роберто Парондо и Александар Царчев, ќе настапи во комбиниран состав со помлади играчи. На Медитeрaнските игри, Македонија е во групата со Египет, Србија и Турција.
Женската репрезентација ја предводат селекторот Симе Симовски и Тања Андрејева. Ракометарките во Тарагона ќе играат во групата со Турција, Египет, Србија и со Црна Гора.
Пртвите натпревари на Игрите, македонските ракометни репрезентации ги играат на 23 јуни, и во двете конкуренции против селекциите на Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА