Јулијан Нагелсман вчера го продолжи договорот со Германија, и тоа значеше дека овој тренер нема да седне на клупата на Баерн Минхен и да го замени Томас Тухел на клупата. Во исто време Баерн Минхен ја продолжува потрагата по нов предводник.
Во прв план се споменуваше Зинедин Зидан. Ова беше информација пласирана од шпанските медиуми, но германските ја демантираа истата. Најблиску до клупата беше екс тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, но тој изрази желба да остане на кормилото на Австрија до 2026 година, и сака да ја води селекцијата на идниот Мундијал.
Мурињо засега не е во размислувањата и во плановите, па Баерн веројатно ќе се обиде со Ханс Флик, доколку овој тренер нема договор со Барселона. Флик работеше во Баерн, и ја освои ЛШ со оваа екипа, пред да седне на кормилото на Германија, а подоцна беше сменет со Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

