И „рептилот“ Лаури им откажа на Американците

Секој нов ден носи и нов отказ на американски кошаркар во пресрет на СП 2019, па така селекторот Попович од утрово остана и без помошта на плејмејкерот на Торонто репторс, Кајл Лаури.

Попович се надеваше дека токму Лаури ќе биде лидер на ослабениот американски состав, со оглед на фактот дека е еден од двајцата играчи со олимписко злато (вториот е Харисон Барнс). Сепак, одличниот плејмејкер ги известил членовите на стручниот штаб дека нема да може да настапи на Мундијалот во Кина, како причина наведувајќи ја повредата на палецот на левата рака.

Секогаш сум уживал играјќи за САД, но овојпат ќе морам да седам дома и да навивам“ – напиша Лаури на својот инстаграм-профил.

Се вчитува...