И Роналдињо мора да загуби, кога игра против убијци

Роналдињо почнува да се соочува со суровата реалност, поранешниот фудбалски генијалец се уште е во притвор и не знае дали во блиска иднина ќе излезе да се брани од слобода во судскиот случај против него.

Во меѓувреме Бразилецот го минува слободното време играјќи „фут-волеј“, игра што е комбинација од сервис и одбојка, во која Роналдињо сепак претрпе пораз.

Причината дефинитивно не е недостиг на фудбалски квалитети, туку реномето на противничкиот тандем, Давид Мерелес Мартинез и Едгар Рамон Отазу. Станува збор за двајца поранешни полицајци кои се осудени за убиство и за грабеж, поради што ќе мора да минат долго време зад решетки.

А кога играш против осудени убијци, најдобро е да загубиш, го знае тоа и Роналдињо.

Се вчитува...