И Роналдо го дигна гласот против судиите во Ла лига

Мнозинскиот сопственик на шпанскиот прволигаш Валјадолид и поранешен бразилски репрезентативец Роналдо објави дека бил револтиран од судењето на натпреварот од 34. коло на Ла Лига против екипата на Севилја, пренесуваат шпанските медиуми.

Валјадолид беше поразен на домашен терен од Севилја со 0-3. Сепак, главниот судија на натпреварот, Мигел Анхел Ортиз Аријас, на крајот на првото полувреме го поништи голот на фудбалерите на Валјадолид при резултат 0-0.

„Она што се случи на нашиот стадион е неприфатливо. Досега молчевме, се обидувавме да го оправдаме своето незадоволство преку официјални средства, состаноци и петиции, избегнувајќи јавно изложување. Но, има многу повеќе. Ова е професионален фудбал и бараме објаснувања. Ваквите грешки можат да ја сменат целата сезона“, напиша Роналдо.

Се вчитува...