И Роналдо се огласи по „хорор“ повредата на Гомеш…(ФОТО)

Португалскиот репрезентативец Андре Гомеш доживеа стравична повреда на десната нога на мечот меѓу Евертон и Тотенхем, по која сезоната за него е завршена.

Евертон вчера соопшти дека Гомеш е успешно опериран, иако се уште е во тотален шок, а пред него сега е долг период на рехабилитација.

Гомеш доби огромна поддршка од целиот свет, а синоќа преку својот Инстаграм профил се огласи и неговиот соиграч од репрезентацијата Кристијано Роналдо. Фудбалерот на Јувентус одлучи и јавно да му даде поддршка…

„Ти посакувам брзо опоравување Андре. Знам дека ќе се вратиш уште посилен. Ти испраќам прегратки“ – напиша Роналдо.

Се вчитува...