И САД победнички го стартуваше Мундобаскетот

Селекцијата на САД со победа над Нов Зеланд го стартуваше Светското првенство во кошарка. САД беа подобри од Нов Зеланд, покажувајќи ја  својата фаворитска улога.

Американците имаа проблеми само во првата четвртина која ја добија со минимални 19-18. Потоа како одминуваше времето, така ја зголемуваше разликата за на крајот победа од 99-72.

Најефикасен беше Паоло Банкеро со 21 поен, а Те Ранги кај Нов Зеланд беше најдобар со 15 поени.

Се вчитува...