Швајцарија синоќа на крилјата на Албанците во своите редови, Гранит Џака и Џердан Шаќири дојде до триумф од 2-1 против Србија. Сепак, во Швајцарија медиумите и јавноста не се задоволни од однесувањето на нивните репрезентативци со албанско потекло кои головите ги прославија покажувајќи ги „албанските орли“.
Швајцарските медиуми во голема мера ги критикуваат Џака и Шачири за мешање на политиката на синоќешниот меч, па влијателните швајцарски „Блик“ носи и нaслов: „Брилијантни будали“.
„Ако гледам како Швајцарец и обичен навивач тогаш таквата прослава може да ја припишам само на незрелоста на две момчиња. Таква прослава е глупава и непотребна, далеку од спортска“ – пишува швајцарскиот новинар Феликс Бингесер и дополнува дека и двајцата не го исполниле ветувањето кон швајцарскиот фудбалски сојуз и кон јавноста уште од 2014 година.
„Џака го прекрши и ветувањето дадено во 2014 година дека во дресот на Швајцарија никогаш нема повеќе да го практикува контроверзното славје. Но, ете се до мечот со Србија. Не го испочитуваа и договорот со сојузот дека нема да мешаат политика на мечот“ – пишува „Блик“.
Со однесувањето на фудбалерите не беше задоволен и селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ…
„Го знаете мојот став, но и на целата држава, дека не треба да се мешаат политиката и спортот. Ете и цела Швајцарија мисли дека тоа не беше потребно“ – истакна по мечот Петковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА