И Сан Марино го освои првиот медал во историјата на ОИ

Една од најмалите држави во светот, Сан Марино која има само нешто повеќе од 33.000 жители стигна до првиот медал во историјата на Олимписките игри.

Херој на денот на оваа држава е Алесандра Перили која стигна до бронзата во дисциплината пукање глинени голуби. Таа заврши на третото место зад Словачката Зузана Стефечкова и Американката Кајли Броунинг.

 

Се вчитува...