И Седлоски прозиваше: Работнички главната фаза од подготовките во Хрватска (ФОТО)

И фудбалерите на Работнички денеска ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски го одработи првиот тренинг низ деновите во кои ќе следи најпрво физичката подготовка на тимот.

По почетните работни денови во Скопје, „романтичарите“ ќе се преселат во Охрид а потоа следи и главната фаза од подготовките која ќе се реализира во Хрватска, каде ќе бидат одиграни и четири пријателски натпревари.

Се вчитува...