Бројни славни македонски фудбалски имиња вечерва беа дел од ревијалниот хуманитарен натпревар кој се одигра во Пробиштип меѓу селекциите на поранешни македонски репрезентативци од една страна и ветераните на поранешниот прволигаш ФК Рудар од Пробиштип.
Интензивна е желбата за промоцијата на фудбалската игра и во овој регион со отворена интенција за враќање на Рудар на старите патеки. Токму во таа насока, и селекторите на сениорската репрезентација Игор Ангеловски како и на младата селекција, Благоја Милевски се разиграа фудбал во составот на ветераните на Македонија во кој се најдоа и Саша Ќириќ, Жанко Савов, Горан Георгиевски… Ревијата беше збогатена и со присуство на вардаровата легенда, Кочо Димитровски, но и поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Ванче Трајчов, Ивица Глигоровски…
[new_royalslider id=”528″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА