Светот вечерва се збогува со еден од најголемите фудбалери во историјата на оваа игра, Бразилецот Пеле кој почина по долга и тешка битка со ракот на дебелото црево.
И неговото семејство вечерва се прости од него со трогателна фотографија од болница која, како што велат, е нивната последна заедничка фотографија испратена порака за вечност…
„Тоа што сме денес е благодарение на тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир“ – напиша неговата ќерка Кели Кристина Насименто во описот на фотографијата, на која членовите на семејството го држат за рака легендарниот Пеле.
Кели Кристина е едно од трите деца на Пеле и неговата прва сопруга, Розмери Дос Реис Чолби, со која беше во брак од 1966 до 1982 година. Покрај Кели Кристина, тие ја имаат и ќерката Џенифер и синот Едсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА